Мицкоски: Извештајот на Европската комисија покажува напредок, без ниту една констатација за назадување

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во европските интеграции не содржи ниту една констатација за назадување, туку напротив — забележан е значителен напредок во спроведувањето на Реформската агенда. Според премиерот, токму поради тоа Македонија се наоѓа меѓу земјите со најдобри резултати во рамките на Европскиот инструмент за реформи и раст. Мицкоски посочи дека во две преговарачки поглавја е зголемено нивото на подготвеност за членство во Европската унија — во дигиталната трансформација и медиумите, како и во образованието и културата. Тој информираше и дека до јуни годинава Европската комисија ослободила 142,1 милиони евра во рамките на Реформската агенда. Во извештајот, како што наведе премиерот, е забележан економски раст од 3,5 отсто во 2025 година, додека невработеноста се намалила од 12,5 на 11,7 отсто. Тој додаде дека подоцнежните процени на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд се повисоки, а растот за 2024 и 2025 година бил ревидиран од 3 на 3,8 отсто, односно од 3,5 на 3,8 отсто. Премиерот ги истакна и оценките за напредок во дигиталната трансформација, науката, истражувањето, образованието, како и во надворешната и безбедносната политика. До јуни, како што рече, 44 државни институции го користеле новиот систем за електронско архивирање и управување со документи, додека Националниот портал до крајот на август опфаќал 338 електронски услуги. Во областа на образованието, Мицкоски како значаен чекор ја посочи новата Стратегија за периодот 2026–2032 година, како и развојот на стручното образование и воспоставувањето осум регионални центри, од кои три веќе се оперативни. Осврнувајќи се на правосудството, премиерот рече дека Европската комисија оценила оти новиот Закон за Судскиот совет во голема мера ги опфаќа препораките на Венецијанската комисија. Тој направи споредба со минатата година, кога во поглавјето 23 не бил забележан напредок, додека годинава е констатиран ограничен на

Мицкоски: Извештајот на Европската комисија покажува напредок, без ниту една констатација за назадување | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во европските интеграции не содржи ниту една конст