Мицкоски: Ива Михаилова нелегално е пренесена во Бугарија, институциите ќе утврдат како

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Ива Михаилова нелегално била пренесена во Бугарија и категорично ги отфрли информациите што ги пласираа бугарските медиуми, според кои таа заедно со својот адвокат ја преминала границата преку регуларен граничен премин, каде што биле поздравени и салутирани. Според премиерот, тоа претставува лага и нема никаква врска со вистината. „Апсолутно е невистина тоа што го емитуваа бугарските медиуми, односно го пласираа во јавноста, дека заедно со нејзиниот адвокат поминале на регуларен граничен премин и дека таму биле поздравени, дека им се салутирало и така натаму. Тоа претставува лага“, изјави Мицкоски. Премиерот потврди дека случајот го истражува Министерството за внатрешни работи и дека ќе се дојде до сознание на кој начин Михаилова е однесена во Бугарија. „Можам да потврдам дека на нелегален начин е пренесена во Бугарија. Министерството за внатрешни работи истражува и ќе дојдеме до сознание на кој начин е однесена“, рече тој. Според она што го соопшти премиерот, последниот евидентиран влез на адвокатот на Михаилова во Македонија бил на 28 септември, што, како што нагласи, било потврдено и од бугарската страна. Тој со тоа ги отфрли тврдењата дека адвокатот и неговата клиентка легално ја напуштиле земјата. Мицкоски порача дека и Ива Михаилова и нејзиниот татко ќе се соочат со македонските институции. „Кога тогаш, ќе одговараат! Ве гледам во очи и ви кажувам“, рече премиерот, упатувајќи јасна порака дека случајот нема да остане без институционален одговор. Премиерот упати и критики до политичкото раководство на Бугарија, обвинувајќи го дека го користи случајот за демонстрирање политичка моќ и за нарушување на меѓусоседските односи. „Жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата што самото си ја прави на меѓународен план. Тоа е нивна одлука. Тие избрале ваква политика“, изјави Мицкоски. Тој изрази жалење и поради начинот на кој Михаилова се претставува

Мицкоски: Ива Михаилова нелегално е пренесена во Бугарија, институциите ќе утврдат како | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Ива Михаилова нелегално била пренесена во Бугарија и категорично ги отфрли информациите што ги пласираа бугарск