Мицкоски: Инфлацијата денес е 25 отсто под европскиот просек, а во 2022 година беше 67 отсто над него
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека инфлацијата во Македонија во третиот квартал од 2026 година е за 25 отсто пониска од европскиот просек, додека во истиот период од 2022 година, кога на власт беа СДСМ и Филипче, цените биле за 67 отсто повисоки од просекот во Европа. Оваа споредба Мицкоски ја изнесе во гостување на телевизија Алсат, каде што говореше за притисоците врз цените и стандардот на граѓаните. Според премиерот, тој не зборува на чувства, туку со бројки. Тој објасни дека ако се анализира третиот квартал од 2022 година, просечната инфлација во Македонија тогаш изнесувала околу 17 отсто, додека европскиот просек бил околу 10 и нешто отсто. Тоа, како што рече, значело дека цените кај нас биле за 67 отсто повисоки во однос на Европската унија. „Еве дозволете ми за тоа да ви дадам одговор со бројки. Јас не зборувам на чувства, зборувам со бројки. Еве ако го анализираме третиот квартал во 2022-та и ако го анализираме третиот квартал во 2026-та, просечната инфлација, цените во 2022-та се 67 отсто над просекот во Европа. Ако просекот во Европа е 10 и нешто проценти, кај нас просекот, инфлацијата тогаш била околу 17 проценти. Денеска инфлацијата во третиот квартал 2026-та во Македонија е за 25 отсто пониска од европскиот просек. Ако денеска просекот јули, август и септември е некаде околу 2 и пол, 2,57 отсто, а европскиот просек е некаде 3 до 3,3 отсто, тогаш доаѓаме до заклучокот дека во 2022-та во третиот квартал цените во Македонија биле за 67 отсто повисоки во однос на Европската унија“, потенцираше Мицкоски. Премиерот додаде дека е политичар кој води политика врз основа на бројки и дека бројките се дел од статистиката. Според него, врз основа на бројките може да се види дали државата оди напред, стагнира или уназадува. Тој изрази уверување дека сегашните бројки се неколкукратно подобри од оние пред четири години. Мицкоски гостувањето го искористи и за осврт на пошироката состојба, наведувајќи дека иако, како што рече, живееме во невидлива трета светска во