Мицкоски и Вуст договорија продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Северна Рајна-Вестфалија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Премиерот Христијан Мицкоски оствари работна средба со премиерот на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Хендрик Вуст, на која централно место зазедоа продлабочувањето на економската соработка, привлекувањето нови инвестиции и унапредувањето на партнерството меѓу Македонија и оваа германска покраина. Средбата се одржала во рамки на посетата на Германија, а за неа Мицкоски информираше преку својот профил на Фејсбук. На разговорите, покрај премиерот Мицкоски, присуствувал и владиниот тим составен од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Тие разговарале за досегашната соработка, за поддршката и за можностите за нејзино понатамошно продлабочување, особено во областите на економијата и инвестициите. Мицкоски посочил дека германските компании „Костал“, „Кромберг и Шуберт“, „ВИК“ и „Гересхајмер“, како и други реномирани инвеститори што веќе работат во земјава, се пример за потенцијалот за привлекување нови инвестиции од Северна Рајна-Вестфалија. Според него, постојното присуство на овие компании претставува основа врз која може да се гради понатамошно економско партнерство со најнаселената германска покраина. На средбата било изразено и задоволство од спроведувањето на заедничката Декларација за намери за соработка, која опфаќа повеќе области, меѓу кои економијата, инвестициите, образованието, културата и здравството, како и поддршката за европската интеграција на Македонија. Овој документ, како што било нагласено, дава рамка за институционализирање на односите меѓу Македонија и Северна Рајна-Вестфалија и за конкретни заеднички активности во наведените сектори. Како особено значајна, Мицкоски ја издвоил подготвеноста на премиерот Вуст да ја посети Македонија, што, според него, ќе биде дополнителна можност за унапредување на партнерството и отворање нови перспективи за соработка. Ваквата по