Мицкоски и Муцунски на средба со македонската заедница во Њујорк и Њу Џерси
FinPortal.mk · 20.9.2026 г.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денеска присуствуваше на традиционалниот собир на Македонците од регионот на Њујорк и Њу Џерси, каде оствари средба со претставници на македонската дијаспора во САД. Посетата се совпаѓа со престојот на државната делегација во Њујорк за годишното заседание на Обединетите Нации, по средбите што премиерот ги имаше со американските власти во Вашингтон. Според објавата на премиерот Мицкоски на неговиот фејсбук профил, тој денеска присуствувал на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварил средба со македонската заедница. „Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија“, се посочува во објавата на премиерот. Државната делегација беше топло пречекана во црквата „Свети Кирил и Методиј“, каде богослужеше отец Гоце Постоловски. Тони Коцевски, претседател на црковната заедница „Свети Кирил и Методиј“, изрази задоволство од посетата, оценувајќи дека ваквата средба со премиерот и со претставници на македонската заедница не се случува секој ден. „Големо задоволство ни е да имаме ваква посета, во нашата заедница, да се види премиерот со наши луѓе и да седне со нас. Тоа не може да се види и доживее секој ден“, изјави Коцевски. На прашањето кои се неговите очекувања од матичната држава, Коцевски рече дека од соработката на Македонија со дијаспората очекува да се работи секој ден, да има повеќе инвестиции, како и тоа што луѓето да сакаат да се вратат и да имаат подобри опции за живот во Македонија. Неговите зборови ја отсликуваат постојаната врска што македонските иселеници ја одржуваат со татковината, но и очекувањата за конкретни придобивки од таа соработка. За Синиша Спасовски, македонски иселеник во Њујорк, посетата на пр