Мицкоски и Гаши: Во Брвеница да се гласа по разум, а не по етничка основа

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упатија заеднички повик до граѓаните на Општина Брвеница да не се определуваат по етничка основа на вториот круг од локалните избори што ќе се одржи в недела. Двајцата државни функционери ја истакнаа оваа порака во услови кога вниманието на јавноста е насочено кон исходот од гласањето во оваа општина, каде што противкандидати се Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ. Премиерот Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот Скендер Реџепи, изрази очекување дека граѓаните на Брвеница самостојно и разумно ќе одлучат на избирачките места. „В недела во Брвеница граѓаните ќе гласаат така како што им вели разумот, а вие ќе се јавите да ни честитате“, рече Мицкоски. Тој потсети дека пред скоро една година на избори граѓаните на Брвеница јасно се определиле и го дале својот глас на, како што рече, за жал прерано починатиот градоначалник Јовица Илиевски, а и сега на вонредните локални избори имаат предност над Националната алијанса за интеграција. Премиерот го коментираше и однесувањето на опозицијата по првиот круг од гласањето, оценувајќи го како несоодветно со оглед на резултатите. „Во Брвеница е чудно како тоа славите пораз, бидејќи кандидатот што вие го поддржавте изгуби. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освои близу 3.000 гласови, а кандидатот на Националната алијанса за интеграција имаше околу 900 гласови помалку, што значи тој кандидат загуби на изборите“, истакна Мицкоски. Тој додаде дека во дваесет години за Брвеница не се направени никакви проекти и дека резултатот од тоа е 10.000 иселени лица, од кои 90 отсто Албанци. Премиерот го критикуваше и, како што рече, повикувањето на иселените граѓани да се вратат за да гласаат на изборите. „И сега одите по Европа и низ светот, коленичите и им викате вратете се во Брвеница да гласате затоа што не смеат кауриве да победат и да имаат свој градоначалник во Брвеница. Ги барате тие истите кои што избегаа пор

Мицкоски и Гаши: Во Брвеница да се гласа по разум, а не по етничка основа | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упатија заеднички повик до граѓаните на Општина Брвеница да не се определуваат по