Мицкоски и Гаши повикаа на граѓанско гласање во Брвеница, без етнички поделби
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упатија заеднички повик до граѓаните на Општина Брвеница да не гласаат по етничка основа на вториот круг од локалните избори што ќе се одржи в недела. Двајцата државни функционери ја истакнаа оваа порака во Собранието, при што премиерот изрази очекување за победа на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Стојанчо Радичевски. Во вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница, противкандидати се Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ. Премиерот Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот Скендер Реџепи, порача дека граѓаните во недела ќе гласаат онака како што им вели разумот, а потоа политичарите ќе им се јават да им честитаат. Мицкоски потсети дека пред речиси една година на избори граѓаните на Брвеница јасно се определиле и го дале својот глас на, како што рече, за жал прерано починатиот градоначалник Јовица Илиевски. Според него, и сега на вонредните локални избори кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има предност над кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ). Премиерот го обвини опозицискиот табор дека слави пораз, нагласувајќи дека кандидатот што го поддржале изгубил. Тој посочи дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освоил близу 3.000 гласови, а кандидатот на НАИ имал околу 900 гласови помалку, што според него значи дека тој кандидат загубил на изборите. Мицкоски упати и остра критика кон претходното управување со Општина Брвеница, оценувајќи дека во текот на дваесет години не биле реализирани проекти. Како резултат на тоа, како што рече, има 10.000 иселени лица, од кои 90 отсто Албанци. Тој ги обвини политичките противници дека одат по Европа и низ светот, како што се изрази, коленичат и ги повикуваат иселените да се вратат во Брвеница да гласаат, со тврдење дека не смее да победат другите и да имаат свој градоначалник. Премиерот истакна дека главната порака што ја испраќал до граѓаните на Општина Брвеница е да не се прават етни