Мицкоски: Горд сум на мултиетничка и мултиконфесионална Македонија во која Македонците и Албанците живеат во единство
FinPortal.mk · 25.9.2026 г.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е горд на фактот што Северна Македонија е мултиетничка и мултиконфесионална држава во која Македонците, Албанците и припадниците на другите заедници, како и христијаните и муслиманите, живеат заедно во мир, единство и кохезија. Оваа порака тој ја упати за време на обраќање на настан на албанската заедница во САД и во регионот од кој потекнува, каде што ги претстави владините приоритети, инфраструктурните проекти и економските резултати во изминатиот период. „Јас доаѓам од мултиетничка и мултиконфесионална земја каде што Македонците, Албанците и другите, каде што христијаните и муслиманите живеат еден до друг во мир, во единство и во кохезија. И јас сум горд на тоа“, рече Мицкоски во своето обраќање. Говорејќи за владините приоритети, премиерот особено се осврна на инфраструктурното поврзување и стратешката позиција на земјата. Според него, Македонија се наоѓа на крстопатот на два паневропски коридори – Коридор 10 и Коридор 8. „Нашата најголема предност е фактот што сме природна раскрсница на два пан-европски коридори, Коридор 10 и Коридор 8“, истакна премиерот. Тој посочи дека владин приоритет е развојот на патната, железничката и енергетската инфраструктура, со изградба на нови автопати и експресни патишта, како и унапредување на железничката мрежа. Во делот на енергетското поврзување, Мицкоски го спомена поврзувањето на енергетскиот терминал Александруполи во Грција со Северна Македонија и понатаму кон север, кон Централна Европа. Во делот на економијата, премиерот ги презентираше податоците за растот на БДП. Тој рече дека 2024 година била завршена со реален раст од околу 3 проценти, додека номиналниот раст бил над 6,5 проценти. За 2025 година, според неговите зборови, растот на БДП бил над 3,5 проценти, со номинален раст над 8 проценти. Мицкоски се осврна и на податоците за 2026 година, посочувајќи дека во првата половина од годината реалниот раст на БДП бил над 3 проценти. Премиерот преку овие податоци сакаше да ја наглас