Мицкоски ги игнорира бугарските реакции за Михаилова, Клековски тврди дека имал премолчена согласност со Софија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека не сака да им посветува внимание на реакциите од бугарска страна поврзани со Ива Михаилова, девојката од Кочани која пребега во Бугарија како обвинета за сообраќајка со смртни последици. „Имам што да одговорам, но мислам дека поединци не заслужуваат да бидат во центарот на вниманието и ваков тип на естрада што денеска ја гледаме таму, а е поврзана со фолклорот за нивните претседателски избори не заслужува коментар и мислам дека треба и да ги игнорирате и вие како поединци“, рече Мицкоски. Претседателските избори во Бугарија треба да се одржат на 25 октомври, а бегството на Михаилова се случи во текот на изборната кампања. Изјавата на Мицкоски доаѓа откако министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, ги нарече македонските власти „српски“. Бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков, пак, обвини за различен третман поради нејзината бугарска припадност. Ова беше причина и македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија да повика на разговор претставник на амбасадата, порачувајќи дека ваквите изјави се навредливи и провокација. Додека ова се случуваше на дипломатско ниво, министерот за здравство, Сашо Клековски, вчера беше во посета на Софија каде се сретна со бугарската министерка за здравство, Катја Ивкова. Во изјава за македонските медиуми, тој тврди дека имал „премолчена согласност“ со Ивкова дека случајот со Михаилова не е здравствено прашање. „Во основа, постигнавме премолчена согласност дека прашањето на И.М. не е здравствено, туку прашање од доменот на правдата бидејќи лицето е бегалец од правдата барано со меѓународна потерница. Како што тоа прашање е на правдата, а не здравствено прашање, не го разговаравме“, изјави Клековски. Во однос на извештајот за лекувањето на Михаилова и досие од македонските болници, што го прави Државниот санитарен и здравствен инспекторат, министерот рече дека сè уште не е готов бидејќи ќе се проверува и лекувањето во една приватна бо