Мицкоски: Гасни интерконектори и електрани ќе ја напојуваат струјата за идните дата-центри

FinPortal.mk · 19.9.2026 г.

Премиерот Христијан Мицкоски ја поврзува идната изградба на дата-центри во Македонија со новите гасни интерконектори и со изградба на гасни електрани кои би ја обезбедувале струјата потребна за нивно функционирање. Според неговите зборови, станува збор за сериозен развојен план кој ги поврзува енергетската инфраструктура, дата-центрите и развојот на вештачката интелигенција во земјата. Во интервју за МИА од Вашингтон, Мицкоски изјави дека Македонија во моментов троши околу половина милијарда кубни метри природен гас годишно, а со новата инфраструктура капацитетот за снабдување би можел значително да се зголеми. Планот предвидува земјата да биде поврзана со Грција на југ и со Србија на север, преку двонасочни интерконектори. Според неговата сегашна проценка, двата правци би требало да бидат функционални до крајот на 2028 година. Токму дополнителниот гас, според премиерот, треба да отвори простор за нови електрани кои би произведувале струја и за идните дата-центри. „Тоа е еден сериозен план за развој на државата и каде би требала да се движи Македонија во иднина“, рече Мицкоски, поврзувајќи ги енергетската инфраструктура, дата-центрите и развојот на вештачката интелигенција. Владата и претходно најавуваше нови гасни производствени капацитети во Скопје и во други делови од земјата, како дел од пошироката стратегија Македонија да ја намали зависноста од увоз на електрична енергија. Мицкоски потврди дека се разговара со компанијата Rumble на Крис Павловски, но рече дека во тек се разговори и со уште пет компании заинтересирани за вакви инвестиции. Засега јавно не се објавени имињата на тие компании, потенцијалните локации, инсталираната моќност на центрите, вредноста на инвестициите или количината електрична енергија што би ја трошеле. Прашањето за водата е едно од најчесто поставуваните околу ваквите проекти, а Мицкоски тврди дека центрите за кои Владата разговара би користеле технологии за ладење со значително помала потрошувачка на вода. Со оглед на тоа што дата-цент

Мицкоски: Гасни интерконектори и електрани ќе ја напојуваат струјата за идните дата-центри | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски ја поврзува идната изградба на дата-центри во Македонија со новите гасни интерконектори и со изградба на гасни електрани кои би ја