Мицкоски: Гасната врска со Грција пуштена во употреба во првата половина на 2027 година, со Србија до крајот на 2028

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Македонија веќе во првата половина на следната година треба да добие ново гасно поврзување со Грција, додека паралелно се планира и дополнителна електроенергетска интерконекција со Бугарија. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски на презентацијата на новиот извештај на Светската банка за Македонија, пренесуваат домашните медиуми. Премиерот изрази очекување дека јужниот гасен интерконектор ќе биде синхронизиран и пуштен во употреба во првата половина на 2027 година. „Во меѓувреме се забрза и интензивира изградбата на гасниот интерконектор со нашиот јужен сосед. Очекувам некаде во првата половина на следната година истиот да биде синхронизиран и пуштен во употреба“, изјави Мицкоски. Според премиерот, истовремено се работи и на северниот гасен интерконектор, со цел гасното поврзување по Коридорот 10 да продолжи кон Централна Европа. „За северниот интерконектор очекувам да биде целосно синхронизиран на целата територија кај нас до крајот на 2028 година, со што гасниот терминал во Александруполис можеме да го поврземе со Централна Европа“, рече Мицкоски. Според неговите процени, со зголемување на притисокот капацитетот би можел да достигне од 4,5 до шест милијарди кубни метри гас, додека Македонија моментално троши околу половина милијарда кубни метри. „Ќе бидеме транзитна земја и ќе можеме од таа услуга да имаме дополнителни приходи“, изјави премиерот. Изградбата на гасниот интерконектор со Грција веќе е во напредна фаза. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска соопшти дека се заварени 30 од вкупно 67 километри. Интерконекторот треба да има почетен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно и да обезбеди пристап до нови извори на снабдување и до инфраструктурата за течен природен гас во Грција. Паралелно со гасното поврзување, Македонија и Бугарија разговараат за дополнителна интерконекција на електропреносните системи во рамките на Иницијативата Исток–Запад. Оваа иницијатива има за цел да ја зајакне енергетската поврзаност во

Мицкоски: Гасната врска со Грција пуштена во употреба во првата половина на 2027 година, со Србија до крајот на 2028 | FinPortal.mk

Македонија веќе во првата половина на следната година треба да добие ново гасно поврзување со Грција, додека паралелно се планира и дополнителна електроенергетс