Мицкоски: Фон дер Лајен со „импресивно“ ги демантираше лагите на Филипче
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со својата оценка за реформските напори на Владата ги демантирала, како што рече, лагите со кои лидерот на СДСМ Венко Филипче и опозицијата ја трујат јавноста. Во телевизиско гостување, Мицкоски истакна дека оценката дека Владата спроведува „импресивни“ реформи претставува потврда од највисокото ниво на Европската комисија дека Македонија напредува, пренесе 360 степени. Според премиерот, пораката од претседателката на Европската комисија била многу јасна и децидна и го демантирала она што го зборува домашната опозиција. „Таа вели дека правиме импресивна работа. Тоа претставува највисоко ниво на суперлатив. Таква реторика немаше на претходните дестинации што ги посети“, изјави Мицкоски. Фон дер Лајен при својата посета на Скопје минатиот петок изјави дека има уште многу работа, но дека е импресивно она што е направено досега, велејќи дека според неа Македонија веќе интензивно работи на неопходните реформи и дека процесот на интеграција може да оди брзо. Премиерот истовремено призна дека не е задоволен од динамиката на евроинтеграцискиот процес, но оцени дека разговорот со Фон дер Лајен бил содржаен и пријателски. Тој објасни дека забелешките за застојот на Македонија на европскиот пат биле изнесени во контекст на заедничката цел земјата еден ден да стане членка на Европската Унија. „Не сум задоволен од динамиката на процесот. Нашата цел е да најдеме начин некако да го придвижиме процесот напред“, рече Мицкоски. Во таа насока, премиерот го спомена и новиот документ објавен од Европската комисија, кој го оцени како охрабрувачки, но потсети дека за неговото спроведување е потребно усвојување од Европскиот совет. Тој потврди дека уставните измени и натаму се дел од условите за напредување во евроинтеграциите, што, според него, останува пречка за продолжување на процесот. Мицкоски, говорејќи за економските резултати, тврди дека Македонија е меѓу петте европски земји со н