Мицкоски: До крајот на мандатот ќе нема деца на листите за чекање во градинките
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека целта на Владата е до крајот на мандатот да има нула деца на листите за чекање во градинките во целата држава. Тој ова го кажа при отворањето на новата детска градинка „8 Април“ во Општина Шуто Оризари, настан на кој присуствуваа и претставници на меѓународната заедница и амбасадори. „Навистина сум пресреќен што овој објект ја добива својата суштина, ја добива својата вистинска намена. А тоа е да биде дом за дечињата кои што тука ќе можат да ги поминуваат своето детство, еве така да кажеме, најубавите денови во својот живот“, рече Мицкоски на отворањето на градинката. Премиерот најави дека Владата во најскоро време ќе даде согласност за вработување на кадар во новиот објект, со што, како што рече, сето она што е инвестирано и направено ќе биде ставено во функција. Според него, повеќе нема да има листа на чекање за запишување деца во градинка во Општина Шуто Оризари, односно капацитетите на новиот објект ќе бидат целосно исполнети. Мицкоски истакна дека целта е повеќе да нема листи за чекање во сите градинки во државата, а не само во Шуто Оризари. „Ако бројката беше 4.500 на почетокот од мандатот на оваа Влада, целта е на крајот на мандатот од оваа Влада да имаме нула дечиња кои што ќе бидат на листа на чекање. Мислам дека и порано тоа ќе го реализираме, но се зависи од динамиката на изградба на објектите“, изјави премиерот. Според изјавата на Мицкоски, на почетокот на мандатот на актуелната Влада на листите за чекање за градинките имало околу 4.500 деца, а целта е таа бројка да се сведе на нула до крајот на мандатот. Тој изрази уверување дека тоа може да се случи и порано од предвидениот рок, но дека сето тоа зависи од динамиката на изградба на новите објекти. Отворањето на новата детска градинка „8 Април“ во Шуто Оризари е дел од активностите на Владата насочени кон зголемување на капацитетите за предучилишно образование. Премиерот нагласи дека објектот е инвестиција која треба да им служи на најмладите жители на ова