Мицкоски: Без семејни вредности и многудетни семејства, македонската економија прва ќе го почувствува ударот

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку Македонија не се сврти кон семејните вредности и кон многудетните семејства и доколку тие вредности не се промовираат, македонската економија ќе биде прва која ќе биде на удар. Премиерот ова го истакна одговарајќи на новинарско прашање за коментар на изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници за да го држиме нивото на бруто-домашниот производ што го имаме сега, односно дали тоа значи дека за четири години отсега во Македонија ќе има 200.000 странски работници. Мицкоски рече дека работите треба длабински да се анализираат. Тој потсети дека кога пред година и пол или две зборувал за семејни вредности и за фертилитет, тогаш бил претставен како заостанат, ретрограден и како некој што не знае што зборува, но, како што нагласи, тој предизвик останува и понатаму. Според премиерот, она што го укажува потпретседателот на Владата и министер за транспорт можеби е и потценета вредност, односно можеби ќе ни требаат многу повеќе работници за да ја задржиме економската активност. Премиерот укажа и на случувањата во Западна Европа, каде што, како што рече, за да се одржи нивото на економија и да има благ пораст на номиналниот бруто-домашен производ, потребно е секоја година да се даваат стотици илјади, па можеби и милиони работни дозволи за мигранти. Тоа, според него, покажува колку е сериозен предизвикот со кој се соочуваат и развиените економии. Мицкоски нагласи дека, колку и да сакаат да го исмејуваат, тој ќе остане на оние семејни политики, на многудетни семејства и на политиките коишто значат иднина за Македонија како држава, нови работни места за македонскиот работник и поконкурентна македонска економија која што ќе расте. Според него, токму тие политики се основата врз која треба да се гради иднината на државата, наместо решенијата да се бараат само преку увоз на работна сила. Изјавата на премиерот доаѓа во момент кога во

Мицкоски: Без семејни вредности и многудетни семејства, македонската економија прва ќе го почувствува ударот | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку Македонија не се сврти кон семејните вредности и кон многудетните семејства и доколку тие вредности не