Мицкоски бара Европската Унија да посредува во дијалогот со Бугарија
FinPortal.mk · 26.9.2026 г.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Европската Унија треба да се вклучи во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, оценувајќи дека досегашните билатерални средби не дале суштински резултати. Во интервју за МТВ, тој посочи дека досегашните состаноци на билатерално ниво, вклучително и оние што ги имале претседателката и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, претставуваат средби што тој ги нарекува „средби колку да се случат“. Според Мицкоски, по завршувањето на тие средби следи брифирање што секогаш прикажува сосема различна вистина од она што навистина било разговарано на состанокот. Токму затоа, како што објасни, предлогот за вклучување на Европската Унија има цел претставниците на Унијата да ги слушнат аргументите и на Македонија и на Бугарија. Премиерот одговараше на прашањето како го толкува ставот на официјална Софија дека е подготвена за дијалог, но дека разговорите треба да продолжат билатерално, без посредство на Европската Унија. Тој призна дека знае која е загриженоста од страна на официјална Софија, која тврди дека ако се седне во присуство на трет партнер, тоа значи дека навистина постои билатерален спор. „И навистина ние имаме билатерален спор. Ние можеме да измислуваме и да се правиме дека немаме, но во суштина навистина имаме билатерален спор, којшто сега е на својот почеток“, нагласи Мицкоски. Според него, токму затоа е потребен дијалог и вклучување на претставници на мултилатерални организации, во случајов Европската Унија, кои би ги слушнале аргументите на двете страни. Мицкоски истакна дека ставот на Владата е оти Македонија не може да влезе во процес без јасна претстава за неговиот крај и гаранции дека евроинтегративниот пат нема постојано да се продолжува со нови услови. „Нашата позиција е дека не можеме да влеземе во каква било авантура без да знаеме дека крајот е на дофат и дека јасно го гледаме крајот. Не би сакале да влеземе во процес којшто потоа континуирано ќе ни се поместува“, рече премиерот. Тој посочи дека, с