Мешовитиот комитет ЕУ–Северна Македонија бара забрзување на реформите и напредок заснован на резултати
FinPortal.mk · 25.9.2026 г.
Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ–Северна Македонија ја повика земјата да го забрза процесот на реформи, а Европската Унија да одговори со навремен и предвидлив напредок во пристапниот процес кога ќе бидат исполнети договорените услови. Оваа порака е содржана во заедничките препораки усвоени на 25. состанок на Комитетот, кој се одржа на 24 и 25 септември во Скопје. Во документот се нагласува дека процесот на пристапување кон ЕУ треба да остане заснован на заслуги, односно на резултати, а не на други критериуми. Комитетот констатира дека Северна Македонија е меѓу земјите кандидати со најдолг кандидатски статус, со повеќе од две децении од добивањето на тој статус. Токму затоа, во препораките се повикува Советот на ЕУ да ги отвори преговорите за Кластер 1 штом ќе бидат исполнети потребните критериуми. Европратениците и македонските пратеници заеднички нагласуваат дека од ЕУ се очекува, кога Северна Македонија ќе ги исполни договорените критериуми и одредници, да одговори со соодветен напредок во пристапниот процес, и тоа навремено и предвидливо. Европската Унија ја потврдува поддршката за патот на Северна Македонија кон полноправно членство, но истовремено бара видлив напредок во владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата, основните права и добрососедските односи. Ова е една од главните пораки во заедничките препораки, кои опфаќаат неколку клучни области од реформската агенда на земјата. Во препораките се нотира и напредокот во спроведувањето на Реформската агенда во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. Се наведува дека земјата го добила најголемиот износ на финансиска помош во регионот, меѓу другото за мерки поврзани со образованието и дигиталната инфраструктура во училиштата. Сепак, идните исплати треба да останат условени со навремено и проверливо исполнување на реформските чекори, што значи дека финансиската поддршка оди рака под рака со конкретни и мерливи резултати. Посебно место во препораките имаат ре