МЕРМС и меѓународните партнери забрзуваат со енергетската обнова на државните институции

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ја унапредува координацијата со меѓународните партнери со цел забрзување на енергетската обнова на јавните објекти, намалување на потрошувачката на енергија и поефикасно користење на јавните ресурси. Како што информира министерството, во рамки на подготовката на проектот PIONEER-MK, со поддршка на програмата PEEB Cool, во Министерството е реализирана мисија на Француската агенција за развој (AFD). Во рамки на таа мисија се одржал партнерски состанок на кој учествувале претставници на Француската агенција за развој, Светската банка, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Канцеларијата на претседателот на Владата. На состанокот биле разгледани можностите за подобра координација на активностите и за унапредување на соработката при спроведувањето на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите од јавниот сектор на државно ниво, за периодот од ноември 2025 до ноември 2028 година. Од министерството нагласуваат дека енергетската обнова на јавните објекти претставува инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. Преку усогласено дејствување на домашните институции и меѓународните партнери, како што се наведува, се создаваат услови за поефикасно спроведување на мерките за енергетска ефикасност и за намалување на емисиите на стакленички гасови. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува да ја зајакнува соработката со националните и меѓународните институции, со цел спроведување на реформските приоритети и исполнување на националните и европските цели за енергетска ефикасност и зелена транзиција. Состанокот во Министерството е дел од подготовките за проектот PIONEER-MK, кој се спроведува со поддршка на програмата PEEB Cool, а чија цел е забрзување на енергетската обнова на јавните објекти и поефикасно користење на јавните ресурси. Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите

МЕРМС и меѓународните партнери забрзуваат со енергетската обнова на државните институции | FinPortal.mk

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ја унапредува координацијата со меѓународните партнери со цел забрзување на енергетската об