МЕРМС, Геолошкиот завод и УГД бараат заеднички европски проекти за геотермална енергија и критични минерални суровини
FinPortal.mk · 1.10.2026 г.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Геолошкиот завод на Република Македонија разгледаа можности за заедничко учество во европски истражувачки проекти и за заеднички иницијативи за унапредување на геолошките истражувања и подобро искористување на минералните и геотермалните ресурси во државата. Како што информираа од МЕРМС, координативниот состанок се одржал во просториите на министерството, а централна тема на разговорите била можноста за заедничко аплицирање на повик во рамките на програмата Хоризон Европа, насочен кон процена на ресурсите во длабоки седиментни и длабински резервоари. На состанокот била разгледана и можноста за формирање меѓународен конзорциум, во кој би се вклучиле и странски партнери со искуство во геолошки и геотермални истражувања. Според соопштението од министерството, целта е преку заеднички проект да се придонесе кон подобро утврдување на геотермалниот потенцијал на државата, преку анализа на расположливите геолошки и геофизички податоци, лабораториски испитувања и моделирање, а доколку техничките и проектните услови го овозможат тоа, да се спроведе и истражувачко бушење и да се добие јадро за понатамошни научни испитувања. Во рамките на разговорите била истакната и потребата од системски пристап кон критичните минерални суровини, имајќи го предвид нивното растечко значење за енергетиката, новите технологии и економскиот развој. Во таа насока била разгледана иницијатива за подготовка на Програма за истражување на критичните минерални суровини, преку која би се дефинирале приоритетите и идните активности за истражување на нивниот потенцијал во државата, со вклучување на стручните и научните капацитети на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На состанокот било отворено и прашањето за Сивец, како препознатлива домашна минерална суровина, при што било предложено да се разгледаат можностите и условите за негова соодветна заштита и п