19.10.2026 - Мермерен комбинат АД Прилеп - Јавен повик за собрание
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Одборот на директори на Мермерен комбинат АД Прилеп објави јавен повик за учество на Собрание на акционери, кое ќе се одржи на 19 ноември 2026 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во седиштето на Друштвото на улица „Леце Котески“ бр. 60А во Прилеп. Повикот е објавен врз основа на одредбите од Законот за трговски друштва и членовите 28 и 31 од Статутот на Друштвото. Акционерите кои имаат намера да учествуваат на Собранието се должни да го пријават своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание. Пријавите се доставуваат до Друштвото – Правен сектор. Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на Друштвото и Законот за трговски друштва, а гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот. Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да го извести Друштвото по писмен пат или електронски. Податоци за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет страница на Друштвото http://www.mermeren.com. Согласно Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред. Предлозите за вклучување на нови точки во дневниот ред, предлозите на одлуки и прашањата можат да се достават најдоцна до 27 октомври (вторник) 2026 година, до 16:00 часот. Материјалите за Собранието и дополнителни информации согласно Законот за трговски друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на повикот, секој работен ден во правната служба на Друштвото и на интернет страницата http://www.mermeren.com.