МЕПСО обновува стипендирањето: 15 студенти по електротехника добиваат по 12.000 денари месечно
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Акционерското друштво МЕПСО, на иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, ја обновува програмата за студентско стипендирање и за академската 2026/2027 година ќе додели 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари. Средствата се наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката, соопштија од компанијата. Одлуката официјално беше презентирана на денешната средба на која присуствуваа ректори, декани, професори и студенти од факултетите со кои МЕПСО има потпишано меморандуми за соработка. Со програмата ќе бидат опфатени по тројца студенти од пет соодветни факултети во земјава: Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, Техничкиот факултет во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот „Мајка Тереза“. Генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи, на средбата истакна дека целта на програмата не е само финансиска поддршка на студентите, туку и запознавање на најдобрите и најмотивирани млади луѓе со работата и можностите што ги нуди компанијата. „Сакаме да го поддржиме нивниот професионален развој и да создадеме услови тие утре да бидат дел од нашиот колектив“, рече Љатифи. Министерката Божиновска оцени дека иницијативата е директно надоврзување на позитивните искуства на Министерството со програмите за практикантска работа и вработување на млади инженерски кадри. „Верувам дека иднината на македонската енергетика зависи од можностите што денес им ги даваме на младите. Сакам студентите уште за време на студиите да видат како знаењето од факултет се применува во пракса, да учат од луѓе со искуство и да добијат можност да работат на вистински проекти“, изјави Божиновска. Таа нагласи и дека е важно универзитетите и компаниите да соработуваат, со цел младите да ја видат својата професионална иднина во земјата и да знаат дека имаат место во развојот на македонската енергетика. „Сакам младите да ја видат својата професионална иднина