Меѓаши“ по 15 години мировно образование им додели благодарници на две средни училишта

FinPortal.mk · 21.9.2026 г.

Детската амбасада „Меѓаши“ им додели благодарници на средните училишта „Зеф Љуш Марку“ од Скопје и „Ванчо Прке“ од Виница, како признание за нивниот континуиран придонес во создавањето безбедна и инклузивна училишна средина. Признанијата беа врачени по повод 15 години од постоењето на Програмата за образование за мир, која организацијата ја спроведува со цел да вгради вредности на дијалог, толеранција и ненасилно решавање на конфликтите во образовниот систем. Претседателот на „Меѓаши“, Драги Змијанац, потсети дека организацијата веќе 35 години гради концепт и вредности за мирот, а преку програмата за мировно образование досега се опфатени 75 училишта, обучени се 350 професори и повеќе од осум илјади и петстотини деца. Тој оцени дека делувањето на организацијата се одвива во конфликтно општество со висок ризик, какво што е македонското, но и целиот Балкан, и дека токму затоа успеваат да создадат поинаков систем на вредности и размислување. „Ние веќе 35 години градиме концепт и вредности за мирот, а со програмата за мировно образование успеавме да опфатиме 75 училишта, 350 обучени професори и над осум илјади и петстотини деца. Ние, всушност, сме толку активни во едно конфликтно општество со висок ризик, какво што е нашето, и на целиот Балкан, успеваме да создадеме поинаков систем на вредности и размислување“, изјави Змијанац. Државната секретарка во Министерството за образование, Елена Ивановска, која присуствуваше на свеченоста, истакна дека најголемата задача е пред наставниците, односно сè што ќе постигнат на обуките да го пренесат во училницата и да им го доближат на младите. Според неа, клучот е во раното учење на вештини за решавање на несогласувањата. „Ако уште од мали, децата научат да ги решаваат несогласувањата со разговор, слушање и компромис, наместо со карање, да ги контролираат своите емоции и да ги почитуваат ставовите на другите, тогаш ќе израсне генерација која има култура на мир и ги практикува односите со другите“, рече Ивановска. Регионалниот коорд

Меѓаши“ по 15 години мировно образование им додели благодарници на две средни училишта | FinPortal.mk

Детската амбасада „Меѓаши“ им додели благодарници на средните училишта „Зеф Љуш Марку“ од Скопје и „Ванчо Прке“ од Виница, како признание за нивниот континуиран