FinPortal.mk

Меџити: Средбите со американската администрација потврда дека Македонија е на вистинскиот пат

FinPortal.mk  · 
Меџити: Средбите со американската администрација потврда дека Македонија е на вистинскиот пат

Средбите на државната делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски со високи претставници на американската администрација во Њујорк се потврда дека Македонија се движи по вистинскиот пат и дека соработката со Соединетите Американски Држави продолжува да се продлабочува. Ова го изјави Изет Меџити, еден од лидерите на коалицискиот партнер „Вреди“, кој е дел од делегацијата во Њујорк, во изјава за медиумите.

Според Меџити, посетата на владината делегација е од особено значење имајќи предвид дека САД се стратешки партнер на Македонија и дека ја поддржуваа земјата низ сите процеси од независноста до денес, во сите димензии. Тој оцени дека присуството на високи членови на американската влада при вакви посети е јасна порака дека земјата е на прав пат и дека соработката со Вашингтон се продлабочува.

„Во однос на посетата на владината делегација предводена од премиерот Мицкоски, да имаме предвид дека САД се стратешки партнер на Македонија, нѐ поддржуваа низ сите процеси од независноста до сега, во сите димензии. Присуството на високи членови на американската влада при вакви посети се порака дека сме на прав пат и дека се продлабочува соработката на нашата држава со Соединетите Американски Држави. Ова е за поздравување и мислам дека и понатаму ќе остане во врвните приоритети на нашата Влада“, изјави Меџити.

Тој во Њујорк присуствуваше на собирот на организацијата ААРЦ, во која членуваат видни Албанци иселеници во САД. На традиционалниот собир на организацијата, во која членуваат и македонски Албанци, присуствуваа и премиерот Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, а присутен беше и албанскиот премиер Еди Рама.

Меџити оцени дека присуството на премиерот и на министерот за надворешни работи на овој собир е за поздравување, имајќи предвид дека Албанците се втора заедница во државата и претставуваат значаен фактор со голем потенцијал за инвестиции и за политичко влијание во Конгресот, Сенатот и американската влада. Тој додаде дека премиерот Мицкоски и министерот Муцунски ни направија голема чест со своето присуство на средбата на иселениците Албанци, а тоа, како што рече, секако ќе се возврати на собирите на македонската дијаспора.

„Ова е за поздравување. Имајќи предвид дека Албанците се втора заедница во државата, тие се значаен фактор за државата и располагаат со голем потенцијал за инвестиции, за политичко влијание во Конгресот, Сенатот, американската влада, за поздравување е присуството на премиерот и на министерот за надворешни работи, кои беа поздравени и од премиерот Рама и од другите присутни. Иако не се Албанци, ни направија голема чест“, рече Меџити.

Во однос на европскиот пат на земјата, Меџити потенцираше дека единствена алтернатива за државата е членството во Европската Унија. Според него, има индикации и нови моменти на тој план и Владата ќе го искористи секој момент за да се направи чекор повеќе во поглед на интеграциите.

„Воедно, единствена алтернатива за државата е членството во Европската Унија. Има индикации и нови моменти на тој план и мислам дека како Влада ќе се искористи секој момент за да се направи чекор повеќе во поглед на интеграциите“, изјави Меџити.

Делегацијата предводена од премиерот Мицкоски во САД ги имаше средбите со раководството на американскиот Стејт департмент и со други американски претставници, што според коалицискиот партнер „Вреди“ претставува потврда за вистинскиот пат на Македонија и за продлабочената соработка со Соединетите Американски Држави.