Медицинскиот факултет: Постапката за вработување беше објективна, Василевски не беше во понеповолна положба
FinPortal.mk · 2.10.2026 г.
Медицинскиот факултет во Скопје соопшти дека постапката за вработување по јавниот оглас, на кој конкурираше и доктор Дарко Василевски, била објективна и транспарентна и дека тој во ниту една фаза не бил доведен во понеповолна положба од останатите кандидати. Од факултетот нагласуваат дека избраните кандидати се далеку подобро рангирани по основ на постигнатиот успех од формалното образование и резултатите од интервјуто. Според соопштението, јавниот оглас го спровела Комисија за селекција на кандидати составена од тројца реномирани професори на Медицинскиот факултет во Скопје, кои воедно се раководители на институтите на факултетот каде што се вработуваа докторите по медицина. Комисијата ги проверила доставените документи на вкупно седум пријавени кандидати за работното место на кое конкурирал и доктор Дарко Василевски и утврдила дека сите пријави се уредни. Со сите пријавени кандидати комисијата спровела интервју, по што предложила два кандидата кои ги исполнуваат општите и посебните услови за засновање на работен однос со факултетот. Од Медицинскиот факултет нагласуваат дека доктор Дарко Василевски бил уредно известен за исходот од постапката, односно кои кандидати се избрани со цел засновање работен однос. „Доколку кандидатот доктор Дарко Василевски смета дека некое право од постапката за вработување му е ускратено, истиот своите права може да ги оствари пред надлежните институции“, се вели во соопштението. Од факултетот додаваат дека до денес немаат добиено известување од ниту една надлежна институција дека кандидатот официјално се обратил во врска со наведениот конкурс за вработување. Исто така, до факултетот не е доставено ни известување за евентуално поднесена претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Доколку факултетот добие претставка во законски предвидениот рок, ќе се произнесе по истата, стои во соопштението. Соопштението на Медицинскиот факултет доаѓа во контекст на случајот со доктор Дарко Василевски, кој е тема во јавноста, а