Медицинскиот факултет негира дискриминација: Постапката за вработување на доктор Василевски била објективна и транспарентна
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Медицинскиот факултет во Скопје, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, излезе со официјално соопштение со кое ги отфрла обвинувањата за дискриминација на доктор Дарко Василевски, кој утрово започна штрајк со глад пред Деканатот на Факултетот. Од Факултетот тврдат дека постапката за вработување на доктори по медицина била објективна и транспарентна и дека Василевски во ниту една фаза од истата не бил доведен во понеповолна положба од останатите кандидати. Според соопштението, јавниот оглас 01/2026 на Медицинскиот факултет во Скопје бил објавен за засновање на работен однос на четири доктори по медицина, од кои два извршители за Институтот за медицинска и експериментална физиологија со антропологија. Од Факултетот нагласуваат дека постапките за вработување на доктори по медицина се спроведуваат врз основа на Законот за високото образование, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за работните односи. Јавниот оглас, како што се наведува, бил спроведен од страна на Комисија за селекција на кандидати составена од тројца реномирани професори на Медицинскиот факултет во Скопје, кои воедно се раководители на институтите на Факултетот каде што се вработуваа докторите по медицина. Комисијата за селекција ги проверила доставените документи на пријавените вкупно седум кандидати за работното место на кое конкурирал и кандидатот доктор Дарко Василевски и утврдила дека истите се уредни пријави. Со сите пријавени кандидати, како што информираат од Факултетот, комисијата спровела интервју. По спроведеното интервју, Комисијата за селекција предложила два кандидата кои ги исполнуваат општите и посебните услови за засновање на работен однос со Факултетот. Од Медицинскиот факултет особено нагласуваат дека избраните кандидати се далеку подобро рангирани по основ на постигнатиот успех од формалното образование и резултатите од интервјуто. Во соопштението дополнително се нагласува дека доктор Дарко Василевски бил уредно известен за исходот од постапката, одн