Мече спасено од нелегална примка на Јакупица, ветеринар го ослободил и го вратил во природа

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Мече старо околу три години и тешко 70 килограми е спасено вчеравечер на планината Јакупица, во Велешко, откако било фатено во нелегална примка. Мечето го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес, кои веднаш пријавиле во ловното друштво, по што била покрената координирана акција за негово извлекување од замката. Според соопштението на Државниот инспекторат за животна средина, кафеавата мечка била заробена во нелегално поставена примка, односно сајла, на локацијата Чеплес, на околу 1,5 километар од Рибник Нежилово. Мечето било успиено, по што бил извршен преглед, а сајлата ја отстранило стручно лице — ветеринар од Зоолошката градина во Скопје. По утврдувањето дека младото животно нема видливи повреди, мечето било пуштено назад во природа. При прегледот било констатирано дека станува збор за мажјак стар околу три години, со тежина од 70 килограми. Во акцијата за спасување учествувале двајца инспектори од Државниот инспекторат за животна средина, членови на Ловечкото друштво „Руен“, претставници на Македонското еколошко друштво (МЕД), СВР Велес и ветеринар од Скопската зоолошка градина. Еден од ловџиите кои го пронашле животното раскажал дека тие биле на лов кога слушнале рикање на мечка, опишувајќи го звукот како силен лелек. По звукот го лоцирале мечето, кое било агресивно од болка, но, како што вели, барало спас. „Со мили очи гледаше да го спасиме, ама не дозволуваше да се приближиме. Во близина беше и неговата мајка, која гледаше што се случува. Веднаш пријавивме во ловното друштво“, изјавил ловџијата. Примката е јамка направена од жица, ортома или конец, која се стега околу вратот или ногата на животното кога тоа ќе помине низ неа. Користењето примка е кривично дело во Македонија, а за настанот е известен и јавен обвинител од Велес. По негова насока, полицијата ја запленила примката за понатамошно вештачење и поведување кривична постапка согласно Кривичниот законик. Случајот на Јакупица уште еднаш ја отвора темата за нелегалниот лов и поставувањето зам

Мече спасено од нелегална примка на Јакупица, ветеринар го ослободил и го вратил во природа | FinPortal.mk

Мече старо околу три години и тешко 70 килограми е спасено вчеравечер на планината Јакупица, во Велешко, откако било фатено во нелегална примка. Мечето го прона