Матеј Гаштаров по 33 дена и 10 натпревари: „Сè е до главата

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров стана вистински хит во српските медиуми откако се откри неверојатниот податок дека одиграл дури десет натпревари во само 33 дена. Деветнаесетгодишникот со напорна работа и голем вложен труд успеа да ја направи брзата транзиција од младински во сениорски фудбал, а тренерот на Црвена Звезда, Алберт Риера, од него направи стандарден првотимец. Гаштаров во месец октомври дебитираше и за македонската фудбалска репрезентација, а во истиот тој период четирипати одигра и за сениорскиот тим на Македонија. По напорните 33 дена кои ги остави зад себе, младиот фудбалер со добри очи гледа на она што му го нуди иднината, свесен дека има само 19 години и огромен простор за напредок. Во интервјуто за „Спортисимо“, Гаштаров нагласи дека менталната стабилност му помогнала успешно да го мине овој напорен период. „Тешко е да се одиграат десет натпревари во 33 дена, ве стига заморот, но сè е до главата. Ова е мојот сон, сонував за ова и мојот сон се оствари. После тренингот одмарам, спијам, јадам добро и гледам да бидам што подобар професионалец. Телото полека се навикнува“, изјави Гаштаров. Младиот Македонец во изминатиот период го одигра и своето прво дерби против Партизан на сениорско ниво, момент кој го опиша како фантастично чувство. „Имам одиграно безброј дерби пресметки како младинец, но ова беше сосема друго. Кога ќе излезеш на ‘Маракана’ и ќе ја слушнеш таа бучава, само чекаш да почне натпреварот и да уживаш во тоа. Јас гледам да уживам во секој натпревар кој го играм, така се чувствував и на дербито. Од мал чекав таков момент и го дочекав. На почетокот ми беше тешко да се навикнам на бучавата, но успеав да се снајдам и сè мина во најдобар ред“, додава Гаштаров. Српските медиуми почнаа да го споредуваат младиот македонски фудбалер и со Серхио Бускетс поради сличниот стил на игра. „Споредбите со таква легенда ме прават многу среќен. Сепак, за да стигнам до тоа ниво потребно е време. Ќе продолжам со ова темпо, целта е да нудам добри парт

Матеј Гаштаров по 33 дена и 10 натпревари: „Сè е до главата | FinPortal.mk

Младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров стана вистински хит во српските медиуми откако се откри неверојатниот податок дека одиграл дури десет натпревари во с