Маск потроши 474 милиона долари на изборите, а демократите му ја доведуваат во прашање империјата во Тексас
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Илон Маск потроши најмалку 474 милиона долари на изборите во 2026 година, но резултатите му нанесоа тежок политички удар. Според анализата на CNBC врз основа на извештаите за финансирање на кампањите, речиси половината од таа сума — 224 милиона долари — завршиле во Тексас, каде неговите фаворити, републиканскиот кандидат за Сенат Кен Пакстон и гувернерот Грег Абот, загубиле во демократскиот бран. Тексас е домаќин на голем дел од бизнис-империјата на Маск. Тесла таму ја има својата најголема фабрика за возила во САД, во близина на Остин, вселенската компанија SpaceX лансира ракети од комплекстот Старбејс во јужниот дел на државата, а Маск има и дополнителни инвестиции во вештачка интелигенција и производство на полупроводници. Овие операции во голема мера зависат од одлуките на државата за електрична енергија, вода, еколошки дозволи, инфраструктура и даночни олеснувања. Новоизбраната демократска гувернерка Џина Хинохоса, која водеше кампања против дарежливите корпоративни субвенции и против самиот Маск, ќе има значително влијание врз тие одлуки. Таа повика на мораториум за нови центри за податоци, укинување на даночните олеснувања за индустријата и барање инвеститорите да ги покријат целосните трошоци за електрична енергија. Во својот победнички говор вети дека ќе им ја одземе власта на „моќните луѓе кои многу се изнавикнаа да ја водат оваа држава“. Републиканците сепак ја задржуваат контролата врз законодавниот дом, што ја ограничува нејзината можност радикално да ја промени државната политика, но нејзината администрација може да ги комплицира плановите за експанзија на Маск со построг пристап кон дозволите и деловните стимулации. На национално ниво, политичкиот акционен комитет на Маск, America PAC, потрошил речиси 87 милиона долари во 44 федерални изборни трки. До средата наутро републиканците што ги поддржувал загубиле 29 натпревари, а победиле само три, додека 12 сè уште не биле прогласени. Повеќе од 80 милиона долари, односно 93 отсто од трошењето, заминале во