Машинскиот превод напредува, но кај правните и медицинските документи човекот останува незаменлив
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Google Translate секој месец преведува по еден трилион зборови, а директната продажба на системи за машински превод надвор од општите претплати за вештачка интелигенција лани вредела околу 1,4 милијарди долари. Покрај Google, на пазарот работат и DeepL, Microsoft, Claude, ChatCGT и Gemini, како и низа корпоративни системи за превод направени по мерка. Сепак, и покрај тој обем, за содржини со висок ризик — правни и медицински документи — луѓето сè уште се неопходни. Франсоа Ивон, истражувачки директор специјализиран за автоматски превод при францускиот Национален центар за научни истражувања (CNRS), објаснува дека добро обучен систем знае оти францускиот израз „il pleut des cordes“ не значи буквално дека врне јаже, туку го препознава англискиот еквивалент „it's raining cats and dogs“. Но, како што забележува тој, прашањето е дали истиот систем ќе го најде соодветниот израз кога преведува на индонезиски. Коментарот за времето е нискоризичен, но сè повеќе превод се врши на теми со далеку поголеми последици. Џон Цимерман, основач на швајцарската непрофитна организација OKA (Open Knowledge Association), која преведува статии од Википедија на други јазици, смета дека суровиот машински превод е вистинскиот избор за многу намени. Како што вели, не е рационално да се зголемат трошоците сто пати за да се фатат последните неколку проценти грешки кога се преведуваат внатрешни документи или листи со производи. За енциклопедија, меѓутоа, тоа е поинаку — Википедија се потпира на доверба, а погрешен факт може да стои со години и да биде цитиран од новинари и од системи со вештачка интелигенција. OKA има објавено повеќе од 10.000 преведени статии, главно на шпански, португалски и англиски, и според Цимерман е најголемиот поединечен придонесувач на преведени статии во онлајн енциклопедијата — нешто што не би било можно без вештачка интелигенција. Во нивниот процес, како што објаснува тој, вештачката интелигенција го произведува нацртот, а потоа човечки преведувач ја проверува секоја