МАПАС и пензиските друштва со меморандум со економското училиште „Васил Антевски Дрен“ го одбележаа Денот на пензиската свесност
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, заедно со КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје, го одбележаа 15 Септември – Денот на пензиската свесност, со настан посветен на финансиската и пензиската писменост на младите. Настанот се одржа во Средното економско правно училиште „Васил Антевски Дрен“ во Скопје, со што институциите од пензискиот сектор директно се обратија до средношколците како идна генерација која треба навреме да ги усвои основите на долгорочното финансиско планирање. Од МАПАС потсетуваат дека Денот на пензиската свесност е посветен на подигнување на свеста за значењето на пензиското штедење и за важноста навреме да се размислува за финансиската иднина. Особено значајно е, како што беше истакнато, младите уште од најрана возраст да стекнуваат знаења и навики кои ќе им помогнат во носењето информирани и одговорни финансиски одлуки. Токму затоа годинешното одбележување беше насочено кон училишната средина, каде што се поставуваат темелите на секоја подоцнежна финансиска одлука. Во рамки на одбележувањето, МАПАС и Средното економско правно училиште „Васил Антевски Дрен“ потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува уште посилна врска меѓу образованието и практиката. Соработката предвидува практична настава, учење преку работа, реализација на феријална практика, едукативни посети, како и презентации, предавања и работилници од областа на финансиската писменост, пензискиот систем и капитално финансираното пензиско осигурување. Со тоа, учениците од економското училиште ќе добијат можност знаењето од училницата да го поврзат со реалните процеси во пензискиот систем уште пред да стапат на пазарот на трудот. Обраќајќи им се на присутните, претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Ремзи Бајрами, истакна дека пензиската свесност не треба да се поврзува само со периодот пред пензионирањето, туку со начинот на кој уште од младоста се планира соп