Манчестер Сити без Семењо до декември, Халанд под знак прашалник пред дуелот со АЕК

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Антоан Семењо, ќе биде надвор од терените околу осум недели поради повреда, изјави тренерот Енцо Мареска на денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар со АЕК во Лигата на шампионите. Според италијанскиот стратег, првичните стравувања дека повредата е посериозна не се потврдиле по вчерашните прегледи, но закрепнувањето сепак ќе трае осум недели. „Семењо ќе отсуствува околу осум недели. Првично очекувавме посериозна повреда, но по вчерашните прегледи сме помирни. Закрепнувањето ќе трае осум недели, па кога ќе се врати во декември, ќе биде како нов играч. Не станува збор за мускулна повреда“, изјави Мареска пред новинарите. Тренерот на Манчестер Сити потврди и дека голгетерот Ерлинг Халанд имал проблеми по натпреварот со Ипсвич, но постои можност да настапи веќе утре против АЕК. „Ерлинг би можел да биде во комбинација, но ќе видиме. Имаме одредени сомнежи. Тешко е да го замените Халанд, но имаме и други опции. Сепак, постои можност да биде достапен за натпреварот“, рече Мареска. Мареска нагласи дека загубата на Семењо е тежок удар за тимот, бидејќи тој бил еден од играчите на кои сакале да им дадат одмор, но влегол во игра во последните 10 до 15 минути и потоа се повредил. „Не е добро што го загубивме Антоан. Разговаравме за можноста да го користиме како класичен напаѓач, но имаме и други решенија што можеме да ги испробаме. Сепак, засега сметаме на Ерлинг и нема потреба да размислуваме за друга опција. Фил Фоден исто така може да игра на таа позиција, бидејќи го правел тоа и во минатото. Но, во моментов, број девет е Ерлинг“, додаде тој. Тренерот нагласи дека утрешниот натпревар има големо значење за неговиот тим, особено по поразот од Пари Сен Жермен во претходното коло од Лигата на шампионите. „Утрешниот натпревар е исклучително важен за нас. За жал, го загубивме последниот дуел во Лигата на шампионите и затоа ни е потребна победа. Мораме да внимаваме на оптоварувањето на фудбалерите. Поради тоа, утре ќе направиме неколк

Манчестер Сити без Семењо до декември, Халанд под знак прашалник пред дуелот со АЕК | FinPortal.mk

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Антоан Семењо, ќе биде надвор од терените околу осум недели поради повреда, изјави тренерот Енцо Мареска на денешната прес-к