30.10.2026 - Макошпед АД Скопје - Други ценовно чувствителни информации
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
ТД Макошпед АД Скопје за периодот јануари – септември 2026 година оствари добивка од 9.860 илјади денари, искажана во неревидираниот Биланс на успех, се наведува во образложението за остварените резултати објавено како ценовно чувствителна информација. Од друштвото потврдуваат дека во овој период нема промени во сметководствените политики и методите на вреднување на ставките на финансиските извештаи. Исто така, во периодот јануари – септември 2026 година нема вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема), ниту значителен отпис поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи. Остварените вкупни приходи за периодот јануари – септември 2026 година изнесуваат 29.525 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2025 година бележат зголемување. Структурата на приходите покажува различни движења: Оперативните приходи изнесуваат 19.901 илјади денари и бележат благо намалување во однос на оперативните приходи за истиот период 2025 година. Финансиските приходи изнесуваат 9.624 илјади денари и бележат зголемување во однос на финансиските приходи во истиот период во 2025 година. Вкупните расходи за периодот јануари – септември 2026 година во износ од 19.665 илјади денари бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период 2025 година. Оперативните расходи во периодот јануари – септември 2026 година изнесуваат 19.663 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период 2025 година, додека финансиските расходи изнесуваат 2 илјади денари и бележат намалување во однос на финансиските расходи за истиот период 2025 година. Процентот на задолженост за периодот јануари – септември 2025 година е 0,54% во однос на главнината и резервите на друштвото. Заклучно со 30.09.2026 година, друштвото нема обврски по основ на краткорочни и долгорочни кредити. Од друштвото информираат и дека на годишното Собрание на акционери одржано на 20.05.2025 година не е