Македонските превозници почнаа да аплицираат за хрватската виза „Д“ – што им носи таа и каде престанува да важи

FinPortal.mk · 23.9.2026 г.

Од денеска возачите на камиони и автобуси од Македонија можат да аплицираат за хрватската долгорочна виза „Д“, која може да важи до една година. Веста ја потврдија од превозничките кругови, но истовремено предупредуваат дека оваа виза не значи неограничено движење и престој во другите земји од Шенген зоната, поради што клучниот проблем на професионалните возачи останува нерешен. Според објаснувањата на „Макамтранс“, визата за долг престој „Д“ важи исклучиво за билатерален превоз на стока во кој се вклучени трговски друштва со седиште во Хрватска. Тоа значи дека возачот со оваа виза на влез на територијата на Хрватска, на граничен премин, треба да пријави каков вид на превоз врши. Доколку станува збор за билатерален превоз Македонија – Хрватска и обратно, контролниот орган го евидентира возачот во националниот систем, каде што деновите за престој на територијата на Хрватска нема да се бројат. Меѓутоа, клучната ограниченост е следна: доколку се врши транзит на стока низ Хрватска за друга земја во Шенген зоната, тогаш визата „Д“ престанува да важи на границата на Хрватска. Ова практично значи дека визата не им помага на оние возачи чии маршрути продолжуваат кон други шенгенски држави, туку само за директниот билатерален сообраќај меѓу Македонија и Хрватска. Од „Макамтранс“ појаснуваат и што се случува со возачите на товарни возила или автобуси кои превезуваат патници или стока во други земји членки на Шенген зоната, односно кои транзитираат низ Хрватска. Таквите возачи ќе бидат регистрирани од страна на граничните органи на Хрватска во Системот за влез/излез, познат како Entry/Exit System или EES. По креирањето на досието во EES, ќе им се бројат деновите на престој поминати во Шенген зоната, со примена на правилото за максимален престој од 90 дена во кој било период од 180 дена. Главната поволност за возачите на товарни возила кои вршат транзит низ Хрватска, според превозниците, е тоа што визата им дозволува времето поминато низ Хрватска да не им се брои. Сепак, оваа п

Македонските превозници почнаа да аплицираат за хрватската виза „Д“ – што им носи таа и каде престанува да важи | FinPortal.mk

Од денеска возачите на камиони и автобуси од Македонија можат да аплицираат за хрватската долгорочна виза „Д“, која може да важи до една година. Веста ја потврд