Македонските компании бараат пат до глобалните пазари преку првиот Global Trade & Growth Forum во Скопје
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Во Скопје денеска се одржува првото издание на Global Trade & Growth Forum 2026, настан што има за цел да ги поврзе македонските компании со меѓународните пазари и да им помогне полесно да ги искористат стратешките трговски коридори. Форумот го организира Швајцарско-македонската стопанска комора (SwissCham North Macedonia), во стратешко партнерство со меѓународната транспортна и логистичка компанија Mediterranean Shipping Company (MSC). Како што соопштија организаторите, настанот се организира со поддршка на Швајцарија, преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), а кон него придонесуваат и програмите IME, SIPPO и SwissEP. Основната цел е македонските компании да станат поконкурентни на меѓународните пазари, подобро да ги искористат стратешките трговски коридори и да изградат посилни глобални партнерства. Од SwissCham посочуваат дека во услови на зголемена глобална конкуренција и промени во меѓународните синџири на снабдување, пристапот до нови пазари, ефикасната логистика и препознатливоста на производите стануваат сè поважни за растот на македонските компании. Токму затоа форумот ќе поврзе над 200 претставници на домашната и меѓународната деловна заедница, инвеститори, извозници, носители на одлуки, дипломатски претставници и експерти од земјата и поширокиот регион. Претседателката на SwissCham North Macedonia, Соња Стефановска, изјави дека амбицијата на комората е Global Trade & Growth Forum да прерасне во платформа која ќе отвора конкретни можности за македонските компании, од подобра логистичка поврзаност до пристап до меѓународни пазари и нови деловни партнерства. Таа нагласи дека преку SwissCham сакаат да го приближат швајцарското и меѓународното искуство до потребите на домашниот бизнис-сектор и да придонесат кон зајакнување на конкурентноста на македонската економија. Од комората нагласуваат дека преку оваа иницијатива SwissCham ја зајакнува својата улога како платформа за поврзување на македо