Македонските домаќинства годишно фрлаат по 86 килограми храна — 17 килограми повеќе од европскиот просек

FinPortal.mk · 2.10.2026 г.

Македонските домаќинства во просек фрлаат по 86 килограми храна годишно по жител, што е за 17 килограми повеќе од просекот во Европската Унија. Ова го покажуваат податоците од извештајот на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) за индексот на отпад од храна за 2024 година, според кој проблемот со фрлање храна во земјава е изразен не само во домаќинствата, туку и во рестораните и во малопродажбата. Според извештајот, домаќинствата во Македонија во 2024 година создале вкупно 179.311 тони отпад од храна, што изнесува околу 86 килограми по човек годишно. Рестораните и услугите за исхрана создале 51.283 тони отпад, односно околу 25 килограми по жител годишно, додека во малопродажбата биле создадени вкупно 30.755 тони отпад од храна или по 15 килограми по човек годишно. Споредбата по сектори покажува дека македонските домаќинства создаваат по 17 килограми по човек повеќе отпад од храна од европскиот просек, рестораните и услугите за исхрана по 10 килограми над европскиот просек, додека во малопродажбата се создаваат 5 килограми повеќе отпад од храна по човек годишно. Европските домаќинства во просек создаваат по 69 килограми по човек отпад од храна годишно. На глобално ниво, податоците од извештајот на УНЕП покажуваат дека светот годишно фрла 1,05 милијарди тони храна, што претставува дури 19 отсто од вкупната храна достапна за потрошувачите. Домаќинствата ширум светот фрлаат над еден милијарда оброци секој ден и се одговорни за 60 отсто од вкупниот отпад од храна, додека останатите 29 отсто доаѓаат од ресторани и хотели, а 12 отсто од малопродажбата во маркети. На ниво на Европската Унија, според податоците на Евростат, во 2024 година секој граѓанин генерирал по околу 129 килограми отпад од храна, вклучително и јадливите и нејадливите делови, што претставува благ пораст од 0,7 отсто во споредба со 2023 година. Отпадот од домаќинствата сочинува повеќе од половина од вкупниот отпад од храна, односно 53 отсто или 69 килограми по лице, додека уште 12 отст

Македонските домаќинства годишно фрлаат по 86 килограми храна — 17 килограми повеќе од европскиот просек | FinPortal.mk

Македонските домаќинства во просек фрлаат по 86 килограми храна годишно по жител, што е за 17 килограми повеќе од просекот во Европската Унија. Ова го покажуваа