Македонскиот систем Динг меѓу најдобрите зелени бизнис идеи на Балканот
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Македонската идеја Динг (ding.mk) е една од трите регионални победници на 15-тото јубилејно издание на натпреварот „Зелени бизнис идеи од Балканот 2026“ (Balkan Green Ideas), кој од 3 до 5 ноември се одржа во Призрен. Оваа традиционална платформа ги обединува и поддржува иновативните претприемачи од шесте земји од Западен Балкан, ставајќи го фокусот врз заштитата на животната средина, циркуларната економија, обновливите извори и одржливиот развој. Најдобрите зелени идеи беа наградени со грантови во износ од 5.000 и 10.000 долари. Динг е паметен систем кој со помош на сензори и вештачка интелигенција овозможува постојан мониторинг, рано откривање на потенцијални проблеми и автоматизација на процесите. Системот им помага на компаниите да заштедат енергија, да спречат дефекти на машините и поефикасно да ги дигитализираат своите производствени процеси. Според изјавата на победникот Благојче Количовски, целта е компаниите да ја намалат потрошувачката на енергија, да спречат непотребни загуби и поефикасно да ги користат постојните ресурси и опрема. Покрај македонскиот тим, меѓу овогодинешните регионални победници се издвоија уште две инспиративни иницијативи од регионот. Од Косово е претставена платформата Teshat.com за циркуларна мода која собира облека, ја поправа, ја преработува и ја враќа во повторна употреба, додека од Босна и Херцеговина доаѓа Laneno, премиум бренд за луксузни постелнини кој спојува врвен комфор и принципи на циркуларна економија преку полнење од рециклиран текстил. По повод регионалниот успех, Количовски изјави дека тимот е искрено среќен и горд што идејата Динг е препознаена и наградена на Balkan Green Ideas 2026. Тој оцени дека ова признание за нив претставува огромна мотивација и потврда дека технологијата и иновациите можат да имаат позитивно влијание врз животната средина и начинот на кој работат бизнисите. Од АРНО, Катерина Панова Матоска, по завршувањето на натпреварот изразила задоволство од постигнатиот успех. Македонскиот тим ding.mk со о