Македонскиот павилјон на „Експо 2027 Белград“ ќе се претстави со мотото „Сите ритми на сонцето

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Во Скопје денеска ќе се одржи отворен ден на кој ќе бидат претставени можностите за учество и соработка на специјализираната изложба „Експо 2027 Белград“. Настанот го организира „Експо 2027 Белград“ во соработка со македонскиот павилјон, кој на оваа светска изложба ќе настапи под мотото „Сите ритми на сонцето“ (All Rhythms of the Sun). Првиот воведен настан е посветен на претставувањето на проектот „Експо 2027 Белград“, при што ќе бидат презентирани визијата на претстојната специјализирана изложба, можностите за соработка и вмрежување, како и перспективите што „Експо“ ги нуди во повеќе области. Настанот ќе се одржи во „Јавна соба“, во периодот од 12 до 15 часот. Директорот на „Експо 2027 Белград“, Данило Јериниќ, ќе го отвори настанот со поздравно обраќање и претставување на промотивното видео. Потоа следува сесијата „Како да учествувате на ‘Експо 2027’ преку програми“, на која ќе бидат претставени можностите во рамките на програмата за образовни институции, организации, спортски федерации и партнери. За програмата и содржината ќе говори Марина Пејовиќ, координаторка во тимот за програма и содржина, по што е предвидена сесија со прашања и одговори. Следува сесијата „Експо 2027 како деловна платформа“, посветена на поврзувањето на глобалните економии и развивањето нови партнерства. Презентацијата ќе ја има Оливера Ковачевиќ, координаторка во тимот за програма и содржина, по што повторно ќе следува сесија со прашања и одговори. Во 13.30 часот ќе биде претставено промотивното видео за Македонија, видео на повеќе јазици со кое се промовира македонскиот вински сектор. Потоа следува презентација за туристичкиот сектор, односно за излезниот туризам, проследена со вмрежување. На сесијата ќе учествуваат тимот на „Експо“, туристички институции и даватели на услуги за влезен туризам, македонски агенции за излезен туризам и други учесници. Во пресрет на настанот, претходно, во 10 часот е предвидена неформална средба со претставници на „Експо“, на која медиумските претставници ќ

Македонскиот павилјон на „Експо 2027 Белград“ ќе се претстави со мотото „Сите ритми на сонцето | FinPortal.mk

Во Скопје денеска ќе се одржи отворен ден на кој ќе бидат претставени можностите за учество и соработка на специјализираната изложба „Експо 2027 Белград“. Наста