FinPortal.mk

06.11.2026 - Македонски Телеком АД Скопје - Јавен повик за собрание

Автор: Редакција на FinPortal.mk  · 

Македонски Телеком АД – Скопје објави Јавен повик за свикување на Собрание на Друштвото, кое ќе се одржи на 9 декември 2026 година со почеток во 10:00 часот. Седината ќе се одржи во седиштето на Друштвото на Кеј 13-ти Ноември бр. 6 во Скопје, во конференциската сала Атриум 2 на 10 кат.

Согласно Законот за трговски друштва и Статутот на Друштвото, како и Одлуката на Одборот на директори за свикување на Собрание со Јавен повик, дневниот ред е поделен на процедурален и работен дел.

Процедуралниот дел предвидува отворање на Собранието, избор на Претседавач, избор на бројачи на гласови и избор на Записничар. Во работниот дел е предвиден Предлог Одлука за отповикување и избор на членови на Одборот на директори на Друштвото.

Право на учество на седницата има секој акционер на Македонски Телеком АД – Скопје, лично или преку овластен полномошник кој ќе го застапува со писмено полномошно во согласност со Законот за трговски друштва. Пријавите за учество треба да се поднесат најдоцна пред почетокот на седницата.

Акционерите се должни писмено да го информираат Друштвото за назначувањето на полномошник, со поднесување известување до Право, усогласеност, заштита на лични податоци и корпоративни прашања Hub преку архива. Известувањето може да се поднесе и електронски на адресата IR@telekom.mk.

Образецот на Полномошно за учество и гласање во печатена форма може да се добие во Дирекцијата на Македонски Телеком АД – Скопје, секој работен ден од 14:00 до 15:00 часот. Материјалите по дневниот ред ќе бидат достапни за увид во салата за прием на приземје во Дирекцијата, како и на официјалната интернет страница www.telekom.mk.

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки, со образложение, во рок од осум дена од денот на објавување на Јавниот повик.