06.11.2026 - Македонски Телеком АД Скопје - Јавен повик за собрание
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Македонски Телеком АД – Скопје, согласно Законот за трговски друштва и Статутот на Друштвото, како и Одлуката на Одборот на директори за свикување на Собрание со Јавен повик, објави Јавен повик за свикување на Собрание на акционерите. Седницата ќе се одржи на 9 декември 2026 година со почеток во 10:00 часот, во седиштето на Друштвото на Кеј 13-ти Ноември бр. 6, Скопје, во конференциската сала Атриум 2, на 10 кат. Според објавениот дневен ред, Собранието ќе работи во два дела — процедурален и работен. Процедуралниот дел предвидува: Отворање на Собранието; Избор на Претседавач; Избор на бројачи на гласови; Избор на Записничар. Работниот дел содржи една точка: Предлог Одлука за отповикување и избор на членови на Одборот на директори на Друштвото. Право на учество на седницата на Собранието има секој акционер на Македонски Телеком АД – Скопје, лично или преку овластен полномошник кој ќе го застапува со писмено полномошно во согласност со одредбите од Законот за трговски друштва. Пријавите за учество треба да се поднесат најдоцна пред почетокот на седницата. Акционерот е должен писмено да го информира Друштвото за назначувањето на свој полномошник, со поднесување писмено известување до Право, усогласеност, заштита на лични податоци и корпоративни прашања Hub на Друштвото преку архива. Известувањето за овластувањата дадени на полномошниците може да се поднесе и електронски, на е-пошта адресата IR@telekom.mk. Доколку полномошното не содржи ограничувања или инструкции за гласање, полномошникот може да гласа по сопствена определба, но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното. Полномошникот мора да води запис за добиените инструкции за гласање, доколку имало такви, и да ги чува најмалку една година од денот на одржување на седницата на која учествувал и гласал, како и да потврди дека ги извршил тие инструкции ако тоа му го побара Друштвото или акционерот од кого добил овластување. Образецот на Полномошното за учество и гласање во печатена