Македонската заедница во Мелбурн со панихида и полагање цвеќе им оддаде почит на Гоце Делчев и архиепископот Ангелариј
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, како и 40-годишнината од упокојувањето на архиепископот Ангелариј. Настанот, насловен „Чувари на верата и македонскиот идеал“, се одржа во Мелбурн, соопштија од Австралиско-сиднејската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Чествувањето се одржа во храмот „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, каде што присутните им оддадоа почит на македонските национални дејци и на архиепископот Ангелариј. Програмата опфати панихида и полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, по што следуваше културно-уметничка програма со настап на КУД „Светлост“. Настанот го отвори претседателот на црковната општина, Дејан Змејковски, кој ја истакна улогата на македонските црковни општини во Австралија во зачувувањето на националниот идентитет, јазикот, традицијата и православната вера меѓу македонската дијаспора. Посебен дел од чествувањето беше посветен на споменот на архиепископот Ангелариј, чиј свештенички пат е поврзан со македонската заедница во Мелбурн. Во 1961 година тој бил назначен за парохиски свештеник во црквата „Св. великомаченик Ѓорѓи“ во мелбурнскиот кварт Фицрој, каде што служел до 1964 година. Од црковната општина посочуваат дека неговото дело останува значаен дел од историјата на организираниот црковен живот на Македонците во Австралија. На настанот присуствувале претставници на македонската заедница, активисти и претставници на австралиските институции. Меѓу гостите бил и новоименуваниот македонски амбасадор во Австралија, Стојанче Китаноски, кој за првпат го посетил Мелбурн по предавањето на акредитивните писма. Присуствувала и Бронвин Халфпени, пратеничка за Томастаун во Парламентот на сојузната држава Викторија. Амбасадорот Китаноски им го честитал Денот на македонската револуционерна борба на присутните и им посакал успеси во работата на црковната општина. Чествувањето продолжило со посета на македонскиот