Македонија во Вашингтон со конкретни предлог-проекти: стратешкото партнерство со САД добива опиплива форма

FinPortal.mk · 23.9.2026 г.

Македонската владина делегација предводена од премиерот Мицкоски ја реализираше својата посета на САД како дипломатска офанзива на повеќе фронтови, со цел стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД да добие опиплива форма преку конкретни предлог-проекти. Според информациите, активностите на делегацијата во Вашингтон се одвиваа во пресрет на обраќањето на премиерот Мицкоски пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, а посетата е конципирана како повеќеслојна дипломатска мисија. Како што е наведено, првиот фронт на оваа дипломатска офанзива е политички и се одвива преку Конгресот и американската администрација. Вториот фронт е економски, преку Меѓународната финансиска корпорација за развој (ДФЦ) и американскиот приватен сектор. Третиот фронт е безбедносен, преку Северноатлантската алијанса (НАТО), додека четвртиот фронт се однесува на настапот во Њујорк, пред Обединетите нации. Македонската владина мисија остава впечаток дека најсилниот наратив што го носи во Вашингтон е дека Македонија сака од позиција на корисник на меѓународна поддршка да се позиционира како активен сојузник, економски партнер и инфраструктурен фактор во Југоисточна Европа. Токму во таа рамка, забележливо е дека Владата подготвена ги претставува темите од областа на енергетиката, критичните минерали, дигиталната инфраструктура, одбраната и транспортните коридори како инструменти преку кои државата треба да ја зголеми својата стратешка тежина. Паралелно, кај настапот на делегацијата се препознава дека политичката линија кон Европската Унија останува отворена. Според позицијата што ја презентира премиерот, Македонија не се откажува од европската интеграција, но бара поголема предвидливост, европско посредување во чувствителните прашања и јасна разлика меѓу европските критериуми и билатералните спорови. Затоа посетата на САД, заклучно со 21 септември, не може да се сведе само на серија протоколарни средби. Таа е обид на Владата да презентира перцепција што опфаќа поширока слика за Ма

Македонија во Вашингтон со конкретни предлог-проекти: стратешкото партнерство со САД добива опиплива форма | FinPortal.mk

Македонската владина делегација предводена од премиерот Мицкоски ја реализираше својата посета на САД како дипломатска офанзива на повеќе фронтови, со цел страт