Македонија со забрзан развој на обновливи извори: Енергетската заедница го оцени напредокот во спроведувањето на НПЕК

FinPortal.mk · 17.9.2026 г.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини навреме ја исполни својата обврска кон Енергетската заедница и го достави Извештајот за напредокот во спроведувањето на Националниот план за енергија и клима (НПЕК), што претставува потврда дека земјата доследно ги спроведува преземените обврски и континуирано работи на унапредување на националната енергетска и климатска политика. Напредокот на Македонија и исполнувањето на преземените обврски се позитивно оценети во последниот „Извештај за оценка на усвоените национални планови за енергија и клима 2025–2030 и напредокот во 2025 година кон енергетските и климатските цели во Енергетската заедница“. Според оценките содржани во тој документ, земјата покажува солидна динамика во исполнувањето на целите што самата ги поставила во рамките на НПЕК, а навременото известување кон Енергетската заедница се смета за показател за сериозниот пристап на институциите кон оваа област. Обновливите извори на енергија имаат централна улога во енергетската транзиција на Македонија. Учеството на чистата енергија во производството на електрична енергија бележи забрзан раст, особено преку интензивниот развој на фотонапонските и хидроенергетските капацитети. Резултатите покажуваат дека динамиката на развој на обновливите извори веќе ги надминува поставените очекувања во однос на инсталираниот капацитет на електроцентралите од обновливи извори на енергија, односно дека земјата е над националната цел и над индикативната траекторија утврдени со НПЕК. До 2030 година, НПЕК предвидува 38 отсто удел на енергијата од обновливи извори во бруто финалната потрошувачка на енергија, со растечки тренд во сите клучни сектори – електрична енергија, греење и ладење и транспорт. Националните цели за обновлива енергија се усогласени со рамките на Енергетската заедница и ги исполнуваат минималните барања во сите четири категории опфатени со НПЕК, што дополнително ја потврдува усогласеноста на македонската енергетска политика со европските текови. Мин

Македонија со забрзан развој на обновливи извори: Енергетската заедница го оцени напредокот во спроведувањето на НПЕК | FinPortal.mk

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини навреме ја исполни својата обврска кон Енергетската заедница и го достави Извештајот за напредокот