Македонија со четири сигурни бронзи и 12 борби за полуфинале на Европското кик бокс првенство во Скопје
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
По првиот ден од натпреварите на Европското кик бокс првенство за сениори во Скопје, македонските репрезентативци имаат четири борби за влез во финале, што значи дека веќе имаат обезбедено четири бронзени медали, а уште 12-мина ќе се борат за влез во полуфиналето. Ова е резултат што ги надминува прогнозите на селекторот Дејан Митровски – Урко, факт што само може да ја радува спортската јавност во Македонија. За влез во финалето ќе се борат Анастасија Јанческа, Наум Додевски, Викторија Варадинова и Теа Велковска. Наум Додевски ќе се бори во полуфиналето во дисциплината лоу кик во категоријата до 91 килограм, откако го совлада Лука Зулјевиќ од Хрватска. Викторија Варадинова ќе настапи во полуфиналето во лоу кик во категоријата над 70 килограми, каде што ќе се сретне со Леа Благоевиќ од Србија. Теа Велковска, пак, во дисциплината кик лајт во категоријата над 70 килограми ќе се бори против Џорџија Кароци од Италија. Во првиот ден од првенството македонските натпреварувачи остварија и низа победи и порази. Во кик лајт, во категоријата до 63 килограми, Иван Кукуновски со 3-0 го совлада Лео Шитковски од Германија, а потоа во четвртфиналето ќе се сретне со Џебраил Генчоглу од Турција. Во категоријата до 74 килограми, Дарко Нумановиќ ќе настапи во четвртфиналето против Муџахит Мили од Турција, додека Стефан Михајловски во категоријата над 94 килограми во четвртфиналето ќе се бори со Марк Хомонаи од Унгарија. Во кик лајт, во женска конкуренција, Анабела Стоцоваз во категоријата до 65 килограми ќе настапи во четвртфиналето против Амине Нур Сена Озген од Турција. Во лоу кик, Петре Велков во категоријата до 67 килограми во четвртфиналето ќе се сретне со Ерик Гартнер од Словенија, Силвио Мировски во категоријата до 71 килограм во четвртфиналето ќе се бори со Павел Конечни од Полска, Лука Кипровски во категоријата до 81 килограм во четвртфиналето ќе настапи против Роман Пшењачњи од Украина, Нелсон Узеир во категоријата до 86 килограми во четвртфиналето ќе се сретне со Ањин Алихоџи