Македонија со 58 отсто обновливи извори во енергетскиот систем: следниот предизвик е флексибилна мрежа и складирање на енергија
FinPortal.mk · 3.10.2026 г.
Делегација од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на Неделата за одржлива енергија на UNECE, која се одржа во Палатата на нациите во Женева, со фокус на енергетската транзиција, енергетската безбедност, достапноста на енергијата и одржливиот развој. Во рамки на настанот се одржаа состаноци на Групата експерти за енергетска ефикасност, Групата експерти за почисти електроенергетски системи и Групата експерти за обновлива енергија, како и 35-тата сесија на Комитетот за одржлива енергија на UNECE. Во рамки на 13-тата сесија на Групата експерти за обновлива енергија, на панел-дискусијата за размена на искуства за тоа како да се зголеми усвојувањето на обновливата енергија, Марко Минов од Секторот за обновливи извори на енергија го претстави напредокот во спроведувањето на регулаторната рамка од Законот за енергетика и новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори. Според излагањето, со овие закони се унапредува интеграцијата на енергетскиот пазар и се создаваат предвидливи услови за развој и инвестиции во обновливите извори. Како клучни реформи во тој процес беа опфатени прекуграничната распределба на капацитети, балансирањето, оперативната сигурност, гаранциите за потекло, активните потрошувачи, енергетските заедници и конкурентните механизми за поддршка на производството од обновливи извори на енергија. Во своето излагање, Минов го истакна и значителниот раст на капацитетите од обновливи извори на енергија во Македонија, особено на фотонапонските електроцентрали. Тој ги претстави и Годишните планови за изградба на енергетски објекти како инструмент за предвидлив и координиран развој на енергетскиот сектор и за систематско планирање на нови производни капацитети и системи за складирање на енергија. Според податоците изнесени на настанот, 58 отсто од инсталираниот капацитет во Македонија доаѓа од обновливи извори, што претставува значаен чекор во енергетската транзиција на земјата. Во рамки на дискусијата беше нагласено