Македонија се претставува во Париз како дестинација со вкус, традиција и автентични искуства
FinPortal.mk · 17.9.2026 г.
Македонија и поширокиот балкански регион се претставени на еден од најзначајните меѓународни саеми за туризам, IFTM Top Resa во Париз, преку компанијата Балкан Прајм Турс. Учеството на саемот, кое се одржува од 15 до 17 септември, е насочено кон промоција на автентичните искуства, гастрономијата, винската понуда и потенцијалот на земјата како компактна, безбедна и сè уште недоволно откриена европска дестинација пред тур-оператори, туристички професионалци и потенцијални партнери од европските и светските пазари. Според Балкан Прајм Турс, учеството на IFTM Top Resa е дел од заложбата на компанијата Македонија да биде претставена на релевантен, професионален и конкурентен начин пред меѓународната туристичка јавност. Годинешното издание на саемот ја става во центар „вредноста на патувањето“ и ги отвора темите што ја обликуваат иднината на туризмот, меѓу кои персонализацијата, одржливоста, автентичноста, локалната економија и подлабоките искуства. Од компанијата оценуваат дека современиот турист сè помалку патува само за да „види“ нова дестинација, а сè повеќе за да ја доживее преку нејзината култура, храна, луѓе, природа и секојдневен ритам. Токму затоа гастрономијата станува еден од најсилните мотиви за патување и важен канал преку кој Македонија може да гради препознатливост на мапата на европскиот туризам. „Македонија има вкус што светот треба да го открие. Имаме домашна кујна, плодна земја, винска традиција, свежи продукти, медитеранско-балкански ритам и гостопримство кое не се учи од прирачник. Од ајвар и тавче-гравче до тиквешко вино, од планински сирења до охридска риба – нашата гастрономија има приказна, а токму приказните се она што денешните патници го бараат“, изјави Влатко Сулев од Балкан Прајм Турс. Од Балкан Прајм Турс посочуваат дека туристите денес сакаат да знаат од каде доаѓа храната, кој ја подготвува, зошто е посебна и каква традиција стои зад неа. Затоа, според компанијата, гастрономијата не треба да биде само дополнителен елемент во туристичката п