Македонија првпат домаќин на Европската ноќ на истражувачите: науката излегува на улица во четири града

FinPortal.mk · 22.9.2026 г.

Македонија за првпат ќе биде дел од Европската ноќ на истражувачите, најголемата европска прослава на науката, иновациите и откритијата, која на 25 септември ќе се одржи истовремено во повеќе европски земји. Кај нас, програмата ќе понуди над 85 интерактивни активности распоредени во четири македонски града — Скопје, Охрид, Битола и Штип, со што научната сцена за првпат во толкав обем ќе излезе пред пошироката јавност. Македонското еколошко друштво (МЕД) е еден од шесте партнери што ја донесоа оваа иницијатива во земјава, преку проектот „Избери наука! Градење општество преку истражување и иновации“. Покрај МЕД, во организацијата на домашното издание на Европската ноќ на истражувачите се вклучени и скопскиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), битолскиот Универзитет „Свети Климент Охридски“, штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ и Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење. Иницијативата е покрената од Европската Комисија во 2005 година и секој последен петок во септември се одржува истовремено низ Европа, со цел да ги зближи истражувачите и граѓаните преку практични и едукативни научни активности. Освен што ја прави науката подостапна и покажува како таа го подобрува секојдневниот живот, оваа иницијатива ги инспирира младите луѓе да истражуваат кариери во науката, технологијата, инженерството и иновациите. Официјалното отворање на македонското издание ќе се одржи на 24 септември во 11 часот во МАНУ, каде што ќе се води дискусија за влијанието на новите технологии и вештачката интелигенција врз начините на истражување. Сите заинтересувани ќе имаат можност да се запознаат и да им постават прашање на присутните истражувачи во областите на енергетиката, вештачката интелигенција, дијалектните атласи и биолошката разновидност. Токму за биолошката разновидност присутните ќе можат да поразговараат со д-р Диме Меловски, биолог и раководител на Програмата за диви видови во МЕД. Програмата е исклучител

Македонија првпат домаќин на Европската ноќ на истражувачите: науката излегува на улица во четири града | FinPortal.mk

Македонија за првпат ќе биде дел од Европската ноќ на истражувачите, најголемата европска прослава на науката, иновациите и откритијата, која на 25 септември ќе