Македонија продолжува соработката со Банката за развој при Советот на Европа, најавена поддршка за нови проекти

FinPortal.mk · 17.9.2026 г.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со Томаш Бочек, заменик-гувернер на Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ), на која беа разгледани реализацијата на тековните проекти и можностите за идната соработка. На средбата беше потврдено дека ЦЕБ останува долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура и поддршката на микро, малите и средните претпријатија. „Продолжуваме да го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ, насочувајќи ја поддршката кон проекти што придонесуваат за подобри јавни услуги, поквалитетно образование и економски развој“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска по средбата. Според неа, фокусот на соработката е насочен кон реализација на проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за економскиот развој на земјата. Од Министерството за финансии информираа дека ЦЕБ е присутна во земјава од 1997 година и дека досега има одобрено кредити за 10 проекти во јавниот сектор во вкупен износ од 314 милиони евра. Покрај кредитната поддршка, банката има дадено и значајна поддршка за обезбедување на инвестициски грантови и грантови за техничка помош за подготовка на проектите. Поддршката е насочена кон социјалната инфраструктура и социјалната интеграција, вклучително здравството, образованието, правосудството и социјалното домување, како и кон поддршка на микро, малите и средните претпријатија. На средбата беше разгледана реализацијата на тековните проекти, меѓу кои дополнителното финансирање со заем и грантови во вкупен износ од 24,1 милион евра за изградба, надзор и опремување на 30 спортски сали во основните училишта, како и за реконструкција на основни и средни училишта. Оваа поддршка е продолжение на успешно реализираниот проект во чии рамки беа изградени и опремени 70 спортски објекти во основните училишта, а беа реконструирани и 90 основни и средни училишта. Соработката со ЦЕБ опфаќа и кредитна линија од 50 милиони

Македонија продолжува соработката со Банката за развој при Советот на Европа, најавена поддршка за нови проекти | FinPortal.mk

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со Томаш Бочек, заменик-гувернер на Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ), на која б