Македонија пред три фронта: битката за минатото со Бугарија, сегашноста дома и иднината во Европа
FinPortal.mk · 5.10.2026 г.
Македонија се наоѓа пред најмалку три паралелни фронта кои ќе ја определат нејзината иднина: „битката за минатото“ со соседна Бугарија, „битката за сегашноста“ внатре во земјата и „битката за иднината“ во Европската Унија. Како што оценува аналитичарот Тони Поповски, исходот од овие три битки е меѓусебно поврзан, а начинот на кој ќе се води секоја од нив директно ќе влијае на резултатите од останатите. Повод за ваквата оценка е пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која изјави дека Македонија припаѓа во Европската Унија, со својот идентитет, јазик и култура. Но, како што беше нагласено, останува спроведувањето на уставните измени предвидени со европската преговарачка рамка како клучен услов за исчекор. Фон дер Лајен во исто време најави дека покрај патоказите за групата од „напреднати“ кандидати, во која Македонија не се наоѓа или барем не во моментов, Комисијата веќе следната недела ќе ги претстави своите анализи за тоа како самата Европска Унија треба да ги приспособи институциите, политиките и буџетот за идните членки. Според толкувањето на Поповски, Македонија не добила нова преговарачка рамка, ниту пак исчезнал условот што го блокира отворањето на првиот кластер. Но, она што е добиено е прилично јасна слика за политичкиот момент — Европската Унија се подготвува за ново проширување, а Македонија треба да одлучи како ќе се позиционира во тој процес. Клучната промена во пристапот на Брисел, како што се наведува, е тоа што проширувањето сè помалку се третира само како класично чекање до денот на членството, а сè повеќе како постепено интегрирање преку единствениот пазар, инфраструктурата, енергетиката, безбедноста и Планот за раст. Тоа значи дека патот кон Европската Унија повеќе не е само прашање на формални преговори и датуми, туку и на практична поврзаност со Унијата во клучните сектори уште пред формалното членство. Во тој контекст, македонската позиција е опишана како филм или драма што подолг период наликува на насловот „Ед