Македонија пред парадоксот на пазарот на труд: има невработени, но нема доволно работници
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Македонија се соочува со еден од најсериозните парадокси на современото општество — истовремено има невработени, а нема доволно работници. На прв поглед ова изгледа како економска нелогичност, но во суштина претставува предупредување дека домашниот пазар на труд доживува длабока структурна промена, оценува во својата анализа професорот Иван Анастасовски. Според него, прашањето повеќе не е само колку работни места има, туку кој ќе работи во Македонија утре. Нашиот работник си заминува, но потребата работата да се сработи кај нас останува. Со години Македонија се соочува не само со иселување на младите и на квалификуваната работна сила, туку и на секое семејство кое својата перспектива ја гледа во некоја од европските држави. Заминуваат лекари, инженери, мајстори, програмери, угостители, возачи, медицински сестри и градежни работници, но заминуваат и цели семејства. Најголемиот проблем, според анализата, е што со човекот не заминува само еден работник — заминуваат знаењето, искуството, даночниот потенцијал, потрошувачката, идниот родител и идниот професионалец. Државата инвестирала во неговото образование, семејството инвестирало во неговото растење, а друга економија ја добива неговата продуктивност. Тоа е економска загуба која не може да се измери само со бројот на иселени лица. Анастасовски потсетува дека во доцните деведесетти сите се плашеле од паролата „нема работа“, а денес ја имаме паролата „нема кој да работи“. Пред една деценија главното прашање било „Каде има работа?“, а денес сè почесто се слуша „Каде да најдеме работник?“. Ова, како што оценува тој, претставува огромна промена која особено се чувствува во градежништвото, угостителството, транспортот, производството, земјоделството, здравството и одредени технички професии. Ако овој процес продолжи, предупредува професорот, Македонија може да влезе во ситуација во која економскиот раст ќе биде ограничен не од недостатокот на капитал, туку од недостатокот на луѓе. Тој се прашува дали решението е увоз на стр