Македонија пред клучен дуел со Шкотска: победа за да не се повтори црната 2001 година
FinPortal.mk · 1.10.2026 г.
Македонската фудбалска репрезентација в сабота на арената „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Шкотска во натпревар од Лигата на нации, а пред селекцијата стои еден јасен и неодложен услов — мора да победи. Причината не е само бодовната состојба во групата, туку и стравот дека без триумф нашата репрезентација би можела да ја повтори неславната 2001 година, кога завршивме со дури 13 натпревари без ниту една победа. Македонија вчера се врати од гостувањето во Словенија, каде загуби со 2:0 во меч од второто коло во Лигата на нации. По две одиграни кола, нашата селекција е последна во групата, без ниту еден освоен бод и без ниту еден постигнат гол. Серијата без победа веќе достигна десет натпревари, а повеќе од 600 минути репрезентацијата нема постигнато гол. Последен пат Македонија се радуваше на триумф на 7 септември минатата година, кога со 5:0 во Скопје го победи Лихтенштајн. Од тој меч до денес се одиграни десет натпревари на кои Македонија претрпе пет порази и оствари пет нерешени средби, а постигна само два гола во повеќе од 900 минути игра. Ваквата голгетерска немоќ дополнително го зголемува притисокот врз играчите и стручниот штаб пред дуелот со Шкотска. Шкотска е селекција која играше на последното Светско првенство и ривал за почит, но токму затоа Македонија едноставно мора да брка победа. Притисокот дополнително се засилува поради фактот дека нашата репрезентација треба да се обиде да не ја повтори неславната 2001 година. Таа кризна година, кога погледите на јавноста беа насочени кон нешто друго, а најмалку кон фудбалот, ја завршивме со 13 меча на кои немавме победа — со пет нерешени и осум порази. За да не се повтори тој неславен рекорд од ниту еден триумф, Македонија има уште четири шанси. В сабота играме дома против Шкотска, а потоа гостуваме во Луцерн кај Швајцарија. Ако се знае дека Швајцарците се убедливо најсилни во оваа група и пред само неколку дена ни одржаа фудбалска лекција во Скопје победувајќи со 3:0, јасно е дека мисијата во Луцерн ќе биде н