Македонија на задната страна од глобалната трка за вештачка интелигенција – експертите заминуваат, бирократијата задушува, а новите вештини остануваат непознаница
FinPortal.mk · 14.9.2026 г.
Северна Македонија повторно се најде на самото дно од глобалните технолошки текови. Додека светот вложува трилиони долари во вештачка интелигенција, нашата земја останува далеку од чекорите што ги преземаат развиените економии за зајакнување на технологијата, вештачката интелигенција и дигитализацијата. Според анализата, главните причини за ваквата состојба се заминувањето на стручниот кадар во странство, прекумерната бирократија и отсуството на волја за учење нови вештини. Според проценките на Банката за меѓународни порамнувања, петте најголеми технолошки гиганти во светот ќе инвестираат повеќе од еден трилион американски долари во вештачка интелигенција во периодот од 2025 до 2026 година. Индустриските прогнози одат и подалеку, укажувајќи дека глобалните инвестиции во оваа технологија би можеле да се зголемат од сегашните 500 милијарди долари на дури четири трилиони долари до 2030 година. Ваквите бројки ја нагласуваат разликата меѓу земјите што ја прифаќаат технологијата и оние што остануваат на маргините. Вештачката интелигенција веќе радикално ги менува глобалните трговски текови. Економиите кои се тесно поврзани со синџирот на снабдување со технологија, како Јужна Кореја, Сингапур, Малезија и Тајван, остваруваат големи придобивки од високите извозни цени на чиповите и опремата. Развиените економии се првите што имаат корист, благодарение на нивните големи услужни сектори, додека земјите во развој се соочуваат со поразновидна перспектива. Северна Македонија, како и секогаш, е на опашката на секој меѓународен развој. Иако вештачката интелигенција директно не ги менува мандатите на централните банки, таа значително го усложнува толкувањето и прецизното разбирање на економските текови. Во однос на продуктивноста, истражувањата покажуваат дека генеративната вештачка интелигенција носи значителни подобрувања од 10 до 65 проценти во специфични задачи, особено во програмирањето, консалтингот и професионалното пишување. Долгорочното влијание на оваа технологија ќе завис